Прегазеното дете има скршеница на черепот и тежок потрес на мозокот

Детето што вечерва беше повредено во сообраќајка на улицата Борис Сарафов во населбата Ѓорче Петров е во стабилна здравствена состојба, информира за МИА дежурниот лекар на Клиниката за неврохирургија д-р Александар Чапаревски.

1588
20150730 Thursday 1017 brza pomos itna pomos bolnica doktori doktor klinika

Детето што вечерва беше повредено во сообраќајка на улицата Борис Сарафов во населбата Ѓорче Петров е во стабилна здравствена состојба, но има скршеница на черепот и тежок потрес на мозокот, информира за МИА дежурниот лекар на Клиниката за неврохирургија д-р Александар Чапаревски.

Според Чапаревски, детето ќе биде задржано на опсервација.

Незгодата се случи откако возило „опел астра“ удри во детето, а набрзо потоа жителите од „Борис Сарафов“ го блокираа сообраќајот во знак на револт поради брзото возење и непочитувањето на сообраќајните знаци. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...