Прв турски војник загина во офанзивата против курдските сили во Сирија

300

Прв турски војник загина во борбите против курдските борци во Сирија, каде Анкара започна воена офанзива оваа недела, објави турското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти денеска дека војникот, „брат по оружје“, е убиен во вчерашните судири против „терористите“ од курдската Единица за заштита на народот во Сирија, во зоната на операцијата „Извор на мирот“.

Турција во средата започна воена офанзива против курдските борци во Сирија.

Советот за безбедност на ОН вчера на итен состанок не успеа да се усогласи за заедничката изјава во која се изразуваше „длабока загриженост“ и ја повикуваше Анкара да ја „запре“ офанзивата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...