Прв смртен случај од Ковид-19 во Тајван

Починатиот бил таксист од централниот дел на Тајван, и не патувал во странство. Сепак, тој работел за патници кои се враќале од Кина, Хонг Конг и Макао.

138

Во Тајван е пријавен првиот смртен случај предизвикан од Ковид-19, информира денеска тајванскиот министер за здравство Чен Шин-Чунг.

Починатиот бил на возраст од 60-тина години и бил хоспитализиран на 3 февруари поради опструкција на дишните патишта, што довело до дијагностицирање на пневмонија. Тој починал доцна синоќа, изјави Чен.

Според министерот, еден од членовите на семејството на починатиот исто така се заразил со вирусот.

Чен додаде дека околу 60 членови на медицинскиот персонал, кои биле во директен контакт со пациентот, се негативни на вирусот.

Починатиот бил таксист од централниот дел на Тајван, и не патувал во странство. Сепак, тој работел за патници кои се враќале од Кина, Хонг Конг и Макао.

– Покрената е истрага за да се идентификуваат луѓето со кои можеби имал контакт – рече Чен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...