Прв директен лет од Варшава во Скопје

Секој вторник, четврток и сабота летот од Варшава е закажан за во 14.25 часот, а да слета во Скопје во 16.30 часот. Поаѓањето од Скопје е планирано да биде во 17.10 часот, додека пристигнувањето во Варшава е во 19.15 часот.

159

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска напладне ќе пристигне првиот авион на полската авиокомпанија LOT Polish Airlines која воведе диртектни летови од Варшава за Скопје.

Според организаторот ТАВ Македонија на пречекот на авионот на LOT, предвидено е присуство и обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој и комерцијалениот директор на LOT, Михал Фијол.

Летовите на оваа линија ќе се реализираат шестпати неделно, освен во недела. Секој понеделник, среда и петок се предвидени полетувања од аеродромот „Шопен“ во Варшава во 10.35 часот, а пристигнување во Македонија во 12.40 часот. Патниците на летот од Скопје за Варшава ќе заминуваат во 13.20 часот. Секој вторник, четврток и сабота летот од Варшава е закажан за во 14.25 часот, а да слета во Скопје во 16.30 часот. Поаѓањето од Скопје е планирано да биде во 17.10 часот, додека пристигнувањето во Варшава е во 19.15 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...