Невенка Стаменковска Стојковски, која два дена е на позицијата дополнителна заменичк министерка во Министерството за информатичко општество и администрација, информирајќи за бројките и за нејзиниот впечаток дека јавната администрација е гломазна, направи гаф, нарекувајќи ја „гламурозна администрација“.
Твитер заедницата се вжешти, а еве само еден од коментарите:
„Има ли некој писмен во ДПМНЕ? Каква е таа „гламурозна” администрација?, прашуваат твитерџиите.
Има ли некој писмен во ДПМНЕ? Каде ја најдовте оваа беда за заменик министер за информатичко општество? Ова ли е обновата? Каква е таа "гламурозна" администрација 😂😂?#неписмени pic.twitter.com/x25fFr3muK
— Криминалите на ВМРО ДПМНЕ (@Kriminal_DPMNE) January 5, 2020