Првпат по седум месеци цената на нафтата пониска од 70 долари за барел

232

Цената на суровата нафта „брент“ денеска се намали под 70 американски долари за барел, првпат после 10 април 2018 година.

Според аналитичарите, цената на нафтата продолжува да се намалува поради зголеменото производство во САД и Саудиска Арабија, но и поради помошта што САД им ја дава на некои земји со распределба на поефтино количество на нафта откако Вашингтон ги обнови санкциите кон Иран со ембарго на увоз на нафта од оваа земја.

Американскиот Стејт департмент во понеделникот ги обнови санкциите кон Иран. Под разни ограничувања се најдоа повеќе од 700 правни и физички лица на Исламската република, како на пример банки и компании од морскиот сообраќај и воздухопловството.

Државиот секретар на САД, Мајк Помпео тогаш изјави дека санкциите нема да донесат никакви економски штети и дестабилизација на пазарот со нафта.

-САД им помага на Италија, Грција, Турција, Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и Тајван. Сите тие земји покажаа подготвеност да го намалат увозот на иранска нафта во последните шест месеци. А две земји целосно прекинаа со увоз на нафта од Иран и нема да го обноват се додека има санкции, изјави Помпео во понеделеникот.

Цената на декемврските „фјучерси“ на нафта (купопродажни договори за продажба на нафта кои треба да се реализираат во иднина) за американската „лесна“ нафта се намали до 60,13 долари за барел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...