Прво прототип решение за одгледување на свежи зачини

Осум студенти од Архитектонски факултет и факултетот за дизајн на мебел и ентериер од Скопје успеаја да изработат мобилна вертикaлна градина за одгледување на зачини што може да прерасне во производ кој ќе биде ползуван во ХОРЕКА (хотели, ресторани и кафулиња) секторот.

343

Во периодот од 1 до 7. јули, осум студенти од Архитектонски факултет и факултетот за дизајн на мебел и ентериер од Скопје, успеаја да изработат мобилна вертикaлна градина за одгледување на зачини.

Прототипот е изработен  под менторство на Лаурент Вие Лапонте и Роби Вајл, двајцата од студиото Милиметарсеконде, специјализирано за производи од дрво.

Престојот и работењето на менторите е поддржано од регионалната програмата за развој на млади претприемачи во креaтивните индустрии од страна на Swiss Contact.

Мобилната вертикална градина ќе биде доработена и како финален прототип ќе биде изложена на овогодишното издание на Skopje Design Week, од 21. до 25. ноември на повеќе локации низ Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...