Сендвичара за брза храна која од неодамна почна да работи на улица Македонија сосема го скри споменикот на Мајка Тереза, поставен веднаш до Спомен куќата на хуманата скопјанка. Бронзениот споменик сега како да го нема, едвај ѕирка од зад големиот фрижидер за пијалоци, залепен до киоскот, а ако некој посака да го овековечи спомен обележјето во чест на Мајка Тереза, од напред нека се помири дека на фотографијата неизбежно ќе ја наслика и ќебапчилницата.
Овие киосци беа дел од проектот „Скопје 2014“ и беа предвидени за продавање храна и пијалоци, во времето кога градоначланик на Скопје беше Коце Трајановски.
Ако Коце ја утнал, тогаш зошто Шилегов, сегашниот градоначалник не ја оправи работата?
Граѓани реагираат дека туристите не можат да се сликаат пред ова спомен место на кое секојдневно се носат странски гости и предлагаат сенвичарата да се дислоцира. Додека се очекува реакцијата од градските власти, или од општината Центар обидете се да го најдете споменикот на Мајка Тереза на насловната фотографија.