Прво задолжување годинава од 11,4 милиони евра

Овој месец државата треба да раздолжи околу две милијарди денари.

134
EPA-EFE/ARSHAD ARBAB

Прво задолжување годинава. Се нудат двегодишни државни обврзници без девизна клаузула во вкупен износ од 11,4 милиони евра. Каматата е 1,1 отсто.

Во текот на овој месец, како што испланира Министерството за финансии ќе се одржи уште една аукција за продажба на државни хартии од вредност на 29 јануари.

Овој месец државата треба да раздолжи околу две милијарди денари.

Министерството за финансии вети дека месечно ќе организира по две аукции и дека ќе го намали темпото на задолжување на домашниот пазар.

Според планот на министерството годинава  нето задолжувањето на домашниот пазар треба да изнесува околу  8,7 милијарди денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...