Првото демо на песната „Starman“ продадено за 50.000 фунти

51

Демо-снимката од песната „Starman“ на Дејвид Боуви, беше продадена на аукција во куќата Омега окшнс за 50.000 фунти. Се верува дека ова е првата снимка од евергринот на Боуви, соопштија од британската аукцика куќа.

– Постојат многу митови околу творештвото на Боуви, а овој сиров материјал покажува како изгледал креативниот процес на еден гениј – изјави Ден Хемпсон, помошник мменаџер во Омега окшнс.

На лентата чијашто почетна цена за наддавањето беше 10.000 фунти, има и снимки од „Moonaged Daydream” и „Hang Onto Yourself”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...