Првото вино од годинешната берба наговестува добра винска година

Според првите оценки на енолозите и присутните на овој реномиран настан, вината од годинешната берба располагаат со одлични карактеристики и предиспозиции за многу нови медали, признанија и високи оценки на реномирани светски вински натпревари, со што ќе го потврдат и надминат успехот од минатите години.

505

Винарската визба „Тиквеш“ го организира десетиот Фестивал на младо вино, на кој традиционално голем број јавни личности, соработници на винарницата, претставници на дипломатскиот кор, институциите, бизнис секторот и на медиумите од земјава и регионот, за првпат го пробаа младото вино од годинешната берба.

Според првите оценки на енолозите и присутните на овој реномиран настан, вината од годинешната берба располагаат со одлични карактеристики и предиспозиции за многу нови медали, признанија и високи оценки на реномирани светски вински натпревари, со што ќе го потврдат и надминат успехот од минатите години.

Инаку, оваа година поминува во знак на обемните инвестиции на „Тиквеш“, насочени пред сé во проширување на сопствените лозови насади со нови 140 хектари, со цел понатамошно зајакнување на портфолиото на вина од премиум сегментот, што ќе овозможи да се зацврстат и унaпредат постојните пазарни позиции, особено на најзначајните светски пазари. Дополнително, винарницата инвестираше и близу еден милион евра во нов логистички центар со кој се зголемува ефикасноста во дистибуцијата и достапноста на виното на домашниот пазар.

И оваа година, согласно својата трајна определба за општествено одговорно делување, „Тиквеш“ им овозможи на сите посетители на Фестивалот да дадат свои парични донации, кои заедно со дополнителни финансиски средства што ќе ги одвои компанијата, ќе бидат наменети за изградба на детско игралиште во Кавадарци.

Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ се одржува секоја година во третиот викенд од месец ноември, истовремено со останатите фестивали ширум светот посветени на младото вино од последната берба. Овој фестивал е прв и единствен од ваков карактер во нашата земја и има значајна улога во градењето на винската култура и создавањето сопствена традиција на евалуација на виното од последната берба, како што е случајот во многу други земји – производители на вино.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...