Во Ирак започна гласањето на предвремените парламентарни избори, кои се први по објавената победа врз џихадистичката група Исламска држава.
Околу 7.000 кандидати во 18 провинции се во трка за 329 места во Парламентот, а засега ниту една партија нема капацитет самостојно да освои мнозинство. Се очекува дека преговорите за формирање коалиција и избор на премиер ќе траат повеќе месеци.
Засега нема ниту фаворит на изборите, а актуелниот премиер Хајдер ел Абади се соочува со остра конкуренција од проиранските партии.
Безбедносните мерки во целата земја се зајакнати за време на изборниот процес. Багдад, Мосул и други поголеми градови денеска воведоа полициски час, а ограничени се и патувањата меѓу провинциите. Од вчера се затворени аеродромите и граничните премини.
Оваа година првпат ќе се користи електронски систем за гласање, со цел да се намалат манипулациите и да се забрза пребројувањето на гласовите.
Резултатите од изборите ќе бидат објавени 48 часа по затворањето на избирачките места.