Прва фотографија од децата во болницата

Моментно се во болница и во карантин, но се неизмерно среќни што завршила нивната голгота.

249

Сите 12 млади тајландски фудбалери кои по три недели биле спасени од пештерата на северот на Тајланд се добро. Моментно се во болница и во карантин, но се неизмерно среќни што завршила нивната голгота.

Родителите можеа да ги посетат и да ги видат, но преку стакло, бидејќи докторите се уште стравуваат од инфекции.

Момчињата им се заблагодарија јавно на сите кои им помогнале да излезат на површината со традиционален тајландски поздрав – споени дланки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...