Прва фотографија на водителката Деа по ужасната несреќа

Деа имаше тешка сообраќајна несреќа кога дојде до судир на два автобуси и три автомобили.

1620

Жељко Митровиќ, сопственикот на „ТВ Пинк“, вчера ја посетил водителката Деа Ѓурѓевиќ во болница, каде таа е сместена по тешката сообраќајна несреќа во која ѝ беше откината раката.

Митровиќ воедно го најавил и нејзиното враќање на малите екрани.

„Мојата Деица е сè подобра и подобра, наскоро се враќа на работното место. Едвај ја убедив да не доаѓа во сабота на „ТВ Пинк“. Љубов наша“, напишал Митровиќ.

Гледачите беа шокирани од фактот што Деа брзо се враќа со оглед на тешката повреда.

Деа имаше тешка сообраќајна несреќа кога дојде до судир на два автобуси и три автомобили.

До несреќата дошло така што Деа имала полесен судир со друг автомобил, а во моментот кога излегла од автомобилот за да се договори со другиот возач што да прават, на неа налетал автобус кој ѝ ја откинал раката.

Како што пишуваат српските медиуми водителката успешно закрепнува од операцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...