Прва уметничка резиденција со уметници од Јужна Америка

49
Во организација на Здружението „Македонида“, по прв пат во земјава ќе се одржи уметничка резиденција со уметници од Јужна Америка.
На резиденцијата се поканети Франциско Томшиќ и Аугусто Гадеа од Уругвај и Џулиета Ортиз да Латиеро и Татиана Коцмур од Аргентина.
На оваа резиденција ќе учествуваат и млади веќе реномирани уметници од Скопје: Ѓорѓи Јовановиќ, Шќипе Мехмети и Владимир Лукаш.
Куратори на резиденцијата се Гордана Велков и Владимир Јанчевски, а изложбата треба да се отвори на 31 август, соопштуваат од „Македонида“.

Фотографија: Хенрике фон Девиц, 18 август 2019 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...