Прва реставрација на саркофагот на Тутанкамон

347

За првпат по откривањето на гробницата во 1922 година, на средината на јули во Египер започна реставрација на познатиот позлатен саркофаг на агипетскиот фараон Тутанкамон.

Се очекува реставрацијата да трае осум месеци, а за таа цел саркофагот беше пренесен во Големиот египетски музеј во Каиро од Долината на кралевите во Луксор, јужен Египет. Ковчегот на младиот крал ќе биде изложен заедно со други артефакти кон крајот на наредната година, кога музејот ќе биде отворен за јавноста.

Станува збор за уникатен историски артефакт, не само за Египет, туку за целиот свет.

Дрвениот позлатен ковчег е дол 2.23 метри, а во изминатиот век се појавиле пукнатини во позлатениот слој. Тутанкамон е можеби најславниот египетски фараон, благодарение на британскиот археолог Хауард Картер, кој во 1922 година ја откри неговата гробница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...