Првата љубов боли

Повеќето луѓе за првпат се вљубиле во тинејџерскиот период и сѐ уште го памтат тоа искуство. Иако тогаш им било од пресудно значење тоа дали ќе ја видат својата симпатија, дали ќе им се насмевне или ќе им се обрати, па секое игнорирање го доживувале како крај на светот, сега, кога тоа им се случува на нивните деца, сметаат дека е тоа смешно па ги тешат велејќи им дека еден ден и самите ќе се смеат. Но ним, на тинејџерите на кои тоа во моментот им се случува, НЕ ИМ Е СМЕШНО!

217

Раните врски од тинејџерскиот период обично траат кратко, само неколку месеци на пример, но тоа не значи дека се емоциите послаби или понеискрени отколку во зрелата возраст. Напротив, сѐ е уште понагласено, па тинејџерите соочени со чувството кое дотогаш не му било познато, почнува да се интересира за сѐ што има врска со неговата симпатија.

Кога адолесцентот првпат првпат ќе се соочи со љубовното страдање, родителите често тоа не го доживуваат сериозно и го убедуват детето дека сето тоа еден ден ќе му биде смешно. И веројатно се во право, но негирањето или омаловажувањето на чувствата на детето не е од помош, исто како што не помага и забраната вљубените да се гледаат.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...