
Бројот на жртви во големата трагедија Џенова, Италија се искачи на 35.
Вистинската причина за рушењето уште не е позната , но постојат неколку теории околу тоа што довело до оваа трагедија.
Италијанска Република, пренесe изјави на четиричлено семејство во состојба на шок, за тоа дека гром погодил еден од столбовите на мостот, по што цементот почнал да се распаѓа, но наведува дека веројатно станува збор за сугестија во барањето причина за можната причина за несреќата.
Експертите наведуваат дека покрај лошата конструкција, дополнителен проблем би можел да биде и фактот дека се работи за мост преку кој дневно минуваат десетици илјади возила, што доведува до дополнителна деградација на конструкцијата.
Објавени се и првите снимки од уривањето на надвозникот.
Истрагата е во тек, како и акцијата за спасување. Се стравува дека до утре бројот на мртви би можел да биде уште поголем.