Пратеникот Мухарем Инџе – противкандидат на Ердоган

Инџе денеска на Конгресот на секуларната партија ја објави кандидатурата и рече дека нема да ги претставува само нејзините членови, туку сите 80 милиони жители на Турција.

156

Републиканската народна партија, главна опозициска партија во Турција, го именуваше пратеникот Мухарем Инџе за противкандидат на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за претстојните претседателски избори во таа земја.

Инџе денеска на Конгресот на секуларната партија ја објави кандидатурата и рече дека нема да ги претставува само нејзините членови, туку сите 80 милиони жители на Турција.

Тој е пратеник во турскиот Парламент од 2002 година, каде ги застапува интересите на неговиот роден град Јалова, на запад во државата.

Овој 54-годишен поранешен наставник по физика е жесток критичар на Ердоган и неговата владејачка Партија на правдата и развојот.

Парламентарните и претседателските избори во Турција, кои прво беа планирани за ноември 2019 година, беа поместени на 24 јуни оваа година.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...