Практикант и со 34 години, стапи на сила Законот за практиканство

Во изработката на предлог законското решение учествуваа четирите најактивни стопански комори: Стопанска комора, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.

259

Практикант може да биде невработено лице на возраст до 34 години кое има завршено најмалку основно образование. Додека ја извршува практичната работа невработениот ќе остане на листата на Агенцијата за вработување и ќе има здравствена заштита. За  практичната работа ќе се добива соодветен надоместок,а потребата од практикант работодавачите ќе ја изразуваат со објавување на јавен оглас кој треба да содржи информации за условите за практикантство

Ова го содржи Закон за практиканство кој почна да се применува.

Според  пропишаното, минимален период на практикантство е еден месец, а максимален од 6 месеци. Едено лице може да врши практикантска работа само еднаш кај ист работодавач.Ммаксималниот број на практиканти кај работодавачите зависи од бројот на вработените на неопределено работно време кај работодавачот во претходните три месеци пред ангажирање на практикантот.

Работодавачите имаат и обврска да обезбедат ментор кој ќе врши континуиран надзор на практикантот, ќе ја организира неговата работа и ќе го следи напредокот за остварување на целите за учење и практиканство.

Законот предвидува обврска за плаќање на надоместок за време на практикантската работа на практикантот од страна на работодавачот, и тоа во висина од 42% до 74% од минималната нето-плата во земјава исплатена во претходната година. Ова се однесува на практикантство до 3 месеци, додека за практикантската работа подолга од три месеци месечниот надоместок кој работодавачот треба да му го исплати на практикантот треба да биде во висина на минималната нето-плата утврдена со закон.

Целата практикантска работа мора да биде поткрепена и регулирана со Договор за практикантство со кој се уредуваат односите, правата и обврските помеѓу практикантот и работодавачот.

Законот забранува склучување на договор за практикантство за замена на постојно работно место, а за време на практикантската работа практикантот не ги губи правата по основ на невработеност и правата од областа на социјалната заштита утврдени и стекнати во согласност со закон.

Работодавачот има обврска секој склучен договор да го пријави во Агенцијата за вработување.

Со овој закон кандидатите за практиканти ќе можат да се стекнат со нови конкретни вештини, квалификации и знаења во процесот на градење на кариера. Компаниите од приватниот сектор, пак, ќе добијат можност да ангажираат практиканти на определено време со што ќе имаат повеќе можности за пополнување на одредени работни позиции кои се од таква природа. Исто така во овој процес кандидатите кои се на пракса по завршување на определениот рок ќе претставуваат нов потенцијал за вработувања во компаниите.

Во изработката на предлог законското решение учествуваа четирите најактивни стопански комори: Стопанска комора, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.

– Верувам дека Законот за практиканство ќе даде позитивен импулс во економијата, ќе ги задоволи потребите на работодавачите за наоѓање на соодветна работна сила, додека пак на тие кои немаат соодветни вештини и квалификации поголема можност за зголемување на нивната вработливост – вели Љубомир Димовски од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, директор на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...