Празнично вработување во државните институции, побрзајте со апликациите

Огласите во инситуциите и јавните претпријатија се објавени од 01 до 04 јануари, а траат до 09 јануари.

5105

Низа огласи за вработување во државните институции и јавни претпријатија се распишани на почетокот на годинава.Ако се погледнат огласите кои редовно ги објавува сајтот Факултети мк може да се види дека во месецов ќе се вработат голем број нови работници во државните институции. Последени се  двата огласа на јавното претпријатие за државни патишта за вработување на 16 советници и референти и 84 инкасанти за наплата на патарина.

Оглас за вработување на 11 кандидати за референти, помлади референти, помлади соработници и други профили работници на повеќе локации во Македонија распиша и Управата за хидрометеоролошки работи.

Распишан е оглас за вработување на 4 државни службеници во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој каде што се бараат советници и помлади соработници.

Дирекцијата за безбедност и класификација на информации пак вработува две лица: самостоен референт за безбедносна акредитација и помлад референт технички секре ар на директорот.

Во оглас за вработување на 3 лица во Агенцијата за лекови и медицински средства се бараат кандидати за инспектори и помлади соработници.

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 8 лица во казнено-поправниот дом Идризово.

Агенцијата за вработување, пак , вработува 27 лица и тоа соработници по различни сектори, референти за шалтерски услуги, курири како и чувар и портир.

И во Дирекцијата за заштита и спасување се бара Раководител на одделение за правни, административни работи и аналитика.

Оглас за три позиции распиша и Ревизорското тело за ревизија на предпристапната помош. Таму се бара: раководител на одделение за нормативно – правни работи и човечки ресурси, сектор за финансиски и правни работи, советник за човечки ресурси во истото одделение како и помлад соработник за буџетска контрола, одделение за финансиски прашања, сектор за финансиски и правни работи.

Четири советници и еден виш соработник вработува и Дирекцијата за технолошко индустриски зони.

Сите овие огласи се распишани во празничните денови (01- 04 јануари), а завршуваат веднаш по празниците ( 09 јануари).

Малку подолго траат огласите кои се распишани во последните денови на ланската година, а ги распиша Владата, Државниот инспекторат за животна средина, Министерството за транспорт и врски, Министерството за надворешни работи, Агенцијата за иселеништво и Министерството за одбрана. Тие траат во периодот од 10 до 12 јануари.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...