Време е за дарување, за заблажување, за повторно зближување, за споделување на љубов и благодарност. Време е за „макаронс“ од Marfi – cake & bakery.
Сте пробале од прочуените колаченца наречени „макаронс“? Нашата дегустација накусо, изгледаше вака – првиот залак е изненадување. Вториот залак е совршен вкус. Третиот залак е задоволство. А, сите три залаци од едно колаченце, се непроценливо искуство.
„Макаронс“ се сметаат за скапоцен камен на француската слатка гастрономија и воопшто, тие се најпрочуени колачиња во Европа. А благодарение на Marfi – cake & bakery, со традиција од 1992-та година, славните „макаронс“ се достапни и кај нас. Се подготвуваат по оригинален француски рецепт, со бадемово брашно, со фил од путер, со… Е, нема да ви ја откриеме целата тајна!
А, тоа што не е тајна, е дека денешните купувачи се желни да уживаат во слатки кои се подготвени на квалитетен и креативен начин, сакаат вкус и текстура, бараат квалитет и одличен изглед, и да, денешните купувачи се многу пребирливи. Но, концептот од реализација до продажба на веселите, шарени „макаронс“ во слаткарниците Marfi – cake & bakery е толку уникатен, што тие немаат конкуренција. Колку и да сте пребирливи, нема да им најдете ниедна маана, дури и ако, претходно, сте ги пробале „макаронсите“ од славната слаткарница „Ladurée“ во Париз.
А зошто сѐ ова ви го раскажуваме? Па, празници се ближат, луѓе! Време е да си дозволиме слатко задоволство за нас самите, да се облажиме со саканите, да споделиме слатки моменти со најблиските, да ги заблажиме дечињата со ново слатко искуство, па и да си ги ублажиме проблемчињата од годината која изминува: лесно, со само три залчиња од еден „макарон“. Првото за изненадување, второто за вкусот, третото за задоволство, а сите три заедно за непроценливо искуство.
А и време е да си ги поткренеме критериумите за тоа што е слатко!
Може да ги купите во различни празнични пакувања и во најразлични бои и вкусови. А може и да ги персонализирате со иницијали, на пример, мислејќи на имињата на оние кои секогаш се тука за вас. „Макаронсите“ веќе ви се смешкаат од излозите на Marfi – cake & bakery.
Marfi Cake&bakery, Млечен ресторан тел. 02 3101 200
(промотивен текст)