Прага: Русите планирале кибер напад против Чешка

84
Photo: Prague.eu

Шефот на чешката контраразузнавачка служба Михал Куделка изјави дека руската шпионска мрежа, која е разбиена минатата година, требало да биде користена за кибер напади против Чешка и нејзините сојузници.

Куделка, обраќајќи се денеска на безбедносната конференција во Долниот дом на Парламентот во Прага, истакна дека неговата служба, позната како БИС, соработувала со полицискиот оддел за организиран криминал, со цел целосно да биде парализирана мрежата создадена од руската шпионска служба.

Истрагата за тој случај се уште не е завршена, па поради тоа Куделка не соопштил повеќе детали.

Тој нагласи дека „руските и кинеските шпионски сервиси“ претставуваат најголема закана за неговата земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...