Откако во Србија беше уапсен макрото Михаило Максимовиќ, на тамошната естрада завладеала паника, а во јавноста излегоа и цените на старлетите и пејачките кои ги подведувал, пренесува „24сата.хр“.
При апсењето биле пронајдени списоци на сите девојки што ги подведувал, како и пописи на клиентите кои ги користеле тие услуги.
„Блиц.рс“ јавува дека Максимовиќ добивал 50 отсто од заработувачката, а за пријателите важел посебен третман, без провизија. Се дознава и дека цените по час се движеле од 150 до 500 евра.
Меѓу документите пронајдени при апсењето на Максимовиќ, биле пронајдени пописи на девојките кои ги подведувал, но и пописи на клиентите, меѓу кои имало и познати имиња од српскиот џет-сет, но и од политиката.
– Сите девојки кои Михаило ги држел се познати во јавноста и со години ги гледаме како шетаат од едно во друго реално шоу. Се слушнав со некои од нив, се тресат да не испливаат докази, бидејќи ќе бидат уништени рекол неименуван извор за „Блиц“, кој открил дека тие старлети после секое реално шоу во кое учествувале, кај Михаило заработувале од 50 до 100 евра повеќе. Така, на пример, пред првото експонирање земале 100 евра на час, а сега заработуваат и околу 300 евра на час.