Комисијата за единици мерки на 16 ноември донесе одлука дека се менува дефиницијата на досега познатата единица мерка за маса – килограмот. Досега килограмот се споредуваше со платинумски цилиндер, кој беше усвоен како еталон за килограм.
Според новата дефиниција, единицата мерка за маса е поврзана со Планковата константа, која изнесува h=6.62607015×10−34 kg⋅m^2⋅s−1.
Причината е што со тек на времето почнал да кородира еталонот. Со оваа промена за првпат во физиката се прави корелација меѓу масата и енергијата и фреквенцијата на фотоните. Ова ќе стапи на сила од 20 мај 2019 година.