По ултиматумот, Хрватска вети дека до 2024 ќе издвојува два отсто за НАТО

154

Хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ денеска изјави дека Загреб подготвил план за издвојување на средства за НАТО, како што претходно беше побарано од Хрватска.

Кон крајот на октомври во Брисел, Хрватска и одредени други земји-членки на Алијансата добија речиси ултиматум од САД и НАТО за шест недели да состават конкретен план за издвојување на два отсто од бруто домашниот производ за одбраната.

На Самитот на НАТО што утре и на 4 декември се одржува во Лондон ќе присуствуваат премиерот Андреј Пленковиќ и Крстичевиќ, при што ќе преземат јавна обврска дека Хрватска за пет години односно до 2024 година ќе достигне да издвојува два отсто од БДП за одбрана.

Хрватска сега издвојува околу 1,68 отсто од БДП за одбрана, при што се вклучени и воените пензии на ветераните.

Хрватскиот весник „Вечерњи лист“ објави дека Хрватска троши помалку на опремување и модернизација односно набавка на нови вооружени системи и модернизација на постоечките.

„Хрватска е најлоша помеѓу 28 земји-членки на НАТО и се наоѓа на последното место за опрема и модернизација“, наведува „Вечерњи лист“.

Во Европа најмногу троши Велика Британија – 61 милијарди долари, Германија околу 55, Франција околу 51, Италија – 25, Турција и Шпанија издвојуваат по 13, а Полска – 12 милијарди долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...