Сликата на Шагал, украдена пред 30 години од семејниот дом во Њујорк, конечно ќе биде вратена на сопствениците, јави ФБИ.
Сликата Отело и Дездемон од 1911 година била украдена од станот на Ернест и Роуз Хелер заедно со десетина други уметнички дела и накит.
Вредното дело е пронајдено откако сопственик на галерија во Вашингтон минатата година два пати одби да ја купи слика. Прво побарал од сопственикот да добие потврда за сопственост од надлежните органи.
Во тој момент се вклучил ФБИ. Еден човек од Мериленд кој се обидел да ја продаде сликата, ја чувал со години на таван. Сликата ја добил многу брзо откако била украдена од страна на лице осомничено дека го сторил кривичното дело од стан во Менхетен.
На сликата која човекот се обидел да ја продади се уште стоело името на сопственикот Хелер.
Крадците нема да бидат кривично гонети, бидејќи според законите на САД делото застарело.