По три години врска раскинаа Риана и Хасан

1938

Риана и бизнисменот Хасан Џамел по речиси три години ја прекинаа љубовната врска. Извор близок на парот за Е!News потврдил дека тајно ја прекинале вската.

Пеачката и бизнисменот врската ја започнаа во 2017 година, и од самиот почеток парот бил таинствен и ретко заедно се појавувале во јавност. Последен пат видени се во август 2019 година на вечера во Беверли Хилс.

Риана во 2018 година за магазин навестила можен брак и деца.

– Влегов во нова врска и тоа ми е важно. Одлучив дека морам да имам време за тоа. Како што ја негувам својата работа, така морам да ја негувам и оваа врска – рекла Риана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...