Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска најави пресметка со противниците во својата Партија на правдата и развојот (АКП).
Неговата најава уследи неколку недели по поразот на АКП на локалните избори.
– Додека ние се бориме со надворешните противници, морам да кажам дека има луѓе во партијата кои работат на наша штета – посочи Ердоган.
Тој додаде дека ќе ги повика на одговорност поради иднината на партијата, но не наведе што ќе преземе. Турската Врховна изборна комисија претходно делумно ја отфрли жалбата на Ердоган што се однесува на илјадниците гласачки ливчиња за кои АКП тврди дека не се прифатени поради претходните владини уредби.
Комисијата се уште нема донесено одлука и за поништување на изборите во Истанбул поради неправилности во текот на гласањето. По 17 дена приговори и повторно пребројување, кандидатот на турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), Екрем Имамоглу стапи на должноста градоначалник на Истанбул.
ФОТО: EPA / ERDEM SAHIN