Бугарскиот министер за заштита на животната средина Нено Димов денеска поднесе оставка откако изминатата ноќ ја мина во притвор, по испитувањата заради рестрикциите на водата во градот Перник и увозот на отпад, соопшти бугарската влада.
Британските меидуми пренесоа дека неговата оставка ја прифатил бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Во текот на денот се очекува Обвинителството да соопшти што откри во текот на истрагата за министерот и кризата во врска со водата.