Последниот ден од старата и првиот ден од новата година Грција беше зафатена од обилни врнежи на дожд, студен бран и снег на планините. Невремето коа го доби името „Рафаил“, полека си заминува, но на негово место од вечерните часови доаѓа „Софија“, што исто така ќе донесе, снег, дожд и ниски температури – јави дописничката на МИА од Атина.
Според метеоролозите во Грција, од вечерните часови, па сѐ до петок се очекува нов пад на температурата и обилни врнежи од дожд и снег во целата земја.
Од Генералниот секретаријат за цивилна заштита соопштија дека се подготвени доколку биде потребно да интервенираат, додека пак од граѓаните бараат посебна внимателност и ги потсетуваат на мерките што треба да ги преземат за да се заштитат од невремето.