Поплави по улиците и булеварите, откорнати дрвја во повеќе скопски општини е само првичниот биланс од невремето кое на пладне го зафати Скопје.
Откорнато дрво од силниот ветер го блокираше сообраќајот во населбата Острово на крстосницата во близина на основното училиште
Дрвото е паднато на тротоарот но и на коловозот, поради што возилата неможат да се движат.
На булеварот Илинден сообраќајот е блокиран затоа што невремето кутна дрво по ширината на коловозот.
Под вода се повеќе локации низ Скопје. Граѓани на социјалните мрежи објавуваат во каква состојба се нивните улици.
Во Чаир, во близина на Јаја паша, дождот направи река по улицата, а од видеото е видливо дека е бутнато и дрво.
Паѓаше град со големина на орев, а ветерот достигнуваше брзина над 80 километри на час.
Во Градот Скопје е свикан итен состанок на Градскиот штаб за заштита и спасување.
Нестабилното време се движи од запад кон исток и на север. Во поладневните часови ќе се преместуваат кон исток. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.