По кратка борба со карцином на мозокот, почина актерот Роберт Форстер

794

Роберт Форстер, актерот номиниран за Оскар, за улогата на Макс Чери од филмот на Тарантино „Џеки Браун“ почина на 78-годишна возраст.

Форстер почина вчера, во неговиот дом во Лос Анџелес, по кратка борба со карцином на мозокот.

Американскиот актер глумеше во повеќе од 110 филмови и во десетици телевизиски серии, вклучувајќи Твин Пикс, Херои, Чиста хемија (Брејкин Бед).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...