По земјотресот во Албанија, 4.000 лица сместени во хотели а 6.500 во шатори

Министерот за земјоделство и кординатор за менаџирање со кризи, Бледи Чучи, рече дека во Тирана се оштетени 525 куќи и 3.100 станови.

112
Photo: EPA / MALTON DIBRA

На денешната седма вонредна седница на албанската Влада, со која во отуство на премирот Еди Рама, кој е во Лондон на Самитот на НАТО, раководеше вицепремиерот Ерион Браче, соопштени се последните податоци за бројот на оштетени објекти и лица сместени во шатори и хотели.

Министерот за земјоделство и кординатор за менаџирање со кризи, Бледи Чучи, рече дека во Тирана се оштетени 525 куќи и 3.100 станови.

– Што се однесува за сместувањето на луѓето погодени од земјотресот, 4.000 лица се сместени во хотели, 2.054 во сали, додека 26 се уште се во болници. 6.500 луѓе се под шатори додека 390 во социјални станови. Големи оштетувања има кај 36 учлишни објекти од нив четири во Тирана. 12 сопственици во Драч, изразија готовност сами да ги покријат штетите од земјотресот -рече Чучи.

Тој посочи дека продолжува да пристигнува помош од Турција, Косово, Црна Гора, Македонија, Хрватска и други земји и оти секојдневно пристигнуваат експертски групи кои се приклучуваат кон оние кои се на терен за проценка на штетите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...