Ефектот на Кејт Мидлтон, сепак, најсилно дејствува, дури и по доаѓањето на новата војвотка во кралското семејство, а која и тоа како постави многу нови модни правила за кратко време.
Појавувајќи се на финалето на Вимблдон во оваа боја, Кејт го даде пресудниот глас, а тоа е дека токму жолтата е боја на сезоната!
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, не и одолеа на жолтата боја во склопот на европската турнеја на гламурозната вечера во лондонската палата Бленхајм.
Меган Маркл носеше жолт фустан во боја на лимон на приемот на организацијата Комонвелт воочи неодамнешната дводневна посета на Даблин.
Амал Клуни одбра креација во истиот тон за кралската венчавка на Меган и принцот Хари во Лондон, и таму ја понесе титулата за една од најубаво облечените гостинки.