Во Детскиот театарски центар вечерва ќе се одигра премиерата на театарската претстава за деца „Поштенска бајка“ – Карел Чапек, со почеток во 19 часот. Влезот за претставата е слободен.
Претставата „Поштенска бајка” ќе ни овозможи преку сказната и акумулираната театарска традиција, да се смееме на човечките грешки и да раскажеме за вистинско пријателство и љубов помеѓу двајца луѓе.
Со почеток пак, во 21.30 часот, ќе се одржи концерт на на Дувачкиот квинтет„ЈОЗЕФ ХАЈДН БРАС“ (JOSEPH HAYDN BRASS) – Австрија, на Плоштад „Мајка Тереза“, односно на платото пред Македонска опера и балет.
Овој концерт е во соработка со Амбасадата на Република Австрија.
„Јoseph Haydn Brass“ (Јозеф Хајдн Брас) е основан во Ајзенштат (Eisenstatt) Австрија. Во 2000 година се споија пет сосема различни музичари. Меѓутоа, љубовта кон музиката на Џозеф Хајдн ги соедини и до ден денес тие го сочинуваат јадрото на ансамблот. Ансамблот Јозеф Хајдн Брас ја доживува изведбата на дела на нивниот имењак и неговите современици – како Моцарт и Бетовен – како суштински уметнички предизвик. Нивните дела – светски како и сакрали – претставуваат тежиште на нивниот разноврсен репертоар. Со изведби на диксиленд и џез, ансамблот покажува колку е диференцирана и избалансирана нивната уметничка насока.