Почнува 35. интернационална ликовна колонија „Дебрца 2019“

73

Петнаесет уметници учествуваат на 35. издание на Интернационалната ликовна колонија „Дебрца“, што се одржува од денеска во село Белчишта во Општина Дебрца.

На колонијата досега учествувале над 200 уметници од држвава, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Полска, САД, Канада, Герамнија, Малезија, Русија, Узбекистан, Украина, Кипар, Монголија и други земји. Создадени се преку 500 уметнички дела кои се изложени во Музејот на уметноста во општината Дебрца. Организирани се 115 изложби во Република Македонија, и Албанија со изготвени современи каталози.

На отворањето на 35. издание на култирната манифестација ќе бидат доделени признанија за сите досегашни соработници на колонијата кои придонеле во нејзиното формирање, претставување и афирмација во држвава и странство.

Колонијата соработува со повеќе колонии од држвава и странство, како и Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...