Почнува со работа универзалниот снабдувач на електрична енергија ЕВН Хомe

ЕВН беше избрана како најповолен понудувач на јавно наддавање и како универзален снабдувач на регулираниот пазар ќе работи според фиксна маржа дефинирана од тендерската процедура во наредните 5 години.

299
SONY DSC

Од денеска и официјално стартува со работа универзалниот снабдувач на електрична енергија ЕВН Хоме. Новооформената компанија ќе ги снабдува со електрична енергија корисниците кои не избрале снабдувач на либерализираниот пазар. Поточно, отсега ЕВН Хоме ќе ги опслужува сите домаќинства и бизниси со помалку од 50 вработени и вкупен годишен приход помал од 2 милиони евра кои не избрале свој снабдувач.

ЕВН беше избрана како најповолен понудувач на јавно наддавање и како универзален снабдувач на регулираниот пазар ќе работи според фиксна маржа дефинирана од тендерската процедура во наредните 5 години.

Корисниците на ЕВН Хоме ќе продолжат да ги добиваат истите услуги како и досега, користејќи ги истите поволности, дополнителни услуги и канали за комуникација.
На располагање и понатаму им стои контакт центарот на три јазици и 24 часа дневно, приемните канцеларии во Корисничките енерго центри низ државата како и сите наплатни места. За сите прашања и потребни информации и услуги тие ќе може да се обратат на:
веб: www.evn.mk
онлајн услуги: www.evnonline.mk
мејл: info@evn.mk
телефон: 089 089 089
адреса: 11 Октомври бр. 9, 1000 Скопје

Компанијата ќе продолжи да го користи истото лого и визуелен идентитет на ЕВН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...