Почнува меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“ во Струга

108

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга од денеска до 12 овој месец ќе се одржи 17.Меѓународен арт фестивал „Езерски бисери 2019“, на кој ќе учествуваат пејачи, инструменталисти, танчери и други уметници од целиот свет.

На манифестацијата ќе учествуваат млади таленти од државава, од Русија, Малта, Украина, Романија, Словенија, Молдавија, Србија, Црна Гора, Литванија, Унгарија.

Меѓународниот арт фестивал ќе понуди натпревари во класична музика и естрада, гала концерт, мастер класови за учесниците, организирана екскурзија до Охрид…

Настапите, како што соопшти организаторот, ќе бидат оценувани од меѓународно жири. Наградените учесници и највпечатливите музички настапи ќе бидат прикажани на традиционалниот гала концерт в понеделник, по што ќе бидат доделени наградите.

Годинава првпат се доделуваат посебни Гран при награди на двата натпревари. Најдобрите учесници во класика и естрада ќе добијат фестивалска статуетка, парична награда од 1.000 долари и комплет охридски бисери од семејството Филеви. Паричната награда на натпреварот во класична музика ја доделува Фондацијата „Зографски“.

На отворањето на манифестацијата, вечер, ќе се одржи избор за Европска убавица, во организација на World Beauty Contest од Москва. Кандидатките ќе се претстават во национални костими, во спортско издание и во вечерни тоалети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...