Почнува Берлинале, осум проекции за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

162

Почнува Берлинале за кој Берлин веќе недели наназад е во знакот на филмот, културата и традицијата на овој фестивал.

Берлинале секоја година привлекува над 350.000 посетители од целиот свет и 4.500 акредитирани новинари.

Македонскиот претставник за Златна мечка, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска, има закажано 8 проекции. На Булеварот на ѕвездите „Allee der Sterne” од минатата недела веќе се поставени и огласни табли со официјалниот постер на филмот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...