Почнува аплицирањето за субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко

120

Во тек е поднесувањето барањата за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко од мај до септември 2018 година, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Рокот за аплицирање е до петти ноември 2018 година. Висината на поддршката изнесува четири денари за литар овчо и козјо млеко, како и 3,5 денари за кравјо млеко.

Барањата се поднесуваат електронски во подрачните единици на Министерството за земјоделство, каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

На петти ноември 2018 година завршува и рокот за поднесување барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од први мај до 30 септември 2018 година. Висината на поддршката е 100 денари за купена и внесена неслика во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца. Барањата се поднесуваат во писарницата на Платежната агенција, лично или по пошта. Образецот за поднесување на барањата и потребната документација може да се подигнат во Агенцијата или да се преземат од www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2018“, „Обрасци“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...