Почна судењето за убиството на саудискиот новинар

Обвинителите бараат смртна казна за пет од 11 осомничени лица.

45
ФОТО: EPA-EFE /ALI HAIDER

Осомничените за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги денеска првпат се појавија пред судот во Ријад, објавија државните медиуми.

Обвинителите бараат смртна казна за пет од 11 осомничени лица, кои денеска беа присутни на судското рочиште. Засега не се наведуваат имињата на осомничените.

Кашоги е убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул. Тој пишуваше колумни за весникот „Вашингтон пост“ во кои го критикуваше саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман. Телото на Кашоги се уште не е пронајдено.

ФОТО: EPA-EFE /ALI HAIDER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...