Почна продажбата на Охридска банка

Француската групација Сосиете Женерал лани одлучи да се повлече од регионот на Источна Европа, оти нејзините експоцитури во овие земји не биле во топ три банки според пазарниот удел. На продажба тогаш се дадени банката во Бугарија, во Албанија, во Македонија, во Црна Гора, во Србија и во Молдавија.

1497

Штајермеркише Банк и Шпаркасен АД и официјално достави понуда за преземање на Охридска банка, со што практично почнува процедурата за продажба на банката која досега беше дел од француската групација Сосиете Женерал.

Ова го соопшти, преку Македонска берза, Охридска банка.

„До Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје е доставена понуда за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје и Проспект за понуда за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје, поднесени од страна на Штајермеркише Банк и Шпаркасен АД“, стои во соопштението.

Претходно Народната Банка дала согласност за преземање на Охридска Банка од страна на австриската Шпаркасе Банка. Со согласноста се создаваат услови за реализација на финалната фаза – купопродажните транскации.

Француската групација Сосиете Женерал лани одлучи да се повлече од регионот на Источна Европа, оти нејзините експоцитури во овие земји не биле во топ три банки според пазарниот удел. На продажба тогаш се дадени банката во Бугарија, во Албанија, во Македонија, во Црна Гора, во Србија и во Молдавија.

Надвор од овој пакет за продажба останаа банките во Русија, Романија и во Чешка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...