Продажбата на билетите за Евровизија почнува вечерва, соопштија организаторите во израелскиот град Тел Авив.
– Почетокот на продажбата е закажан за 19 часот по македонско време. Најниската цена за полуфиналињата, изнесува 300 шекели (73 евра) и за тоа е задолжена компанијата Леан – соопшти ЕБУ.
Оние полуксузните места за следење на финалето ќе чинат од 1.150 до 2.000 шекели (260 до 500 евра).
Минатата година картите за Евросонгот во Лисабон, Португалија, чинеа од 35 до 299 евра.
Финалето на Евросонгот во Експо центарот во Тел Авив, е закажано за 18 мај.