Почна продажбата на авионските билети за Атина, линијата стартува од ноември

Од 2003 година, неколку години постоеше директно авионско поврзување меѓу Скопје и Атина, со редовна линија, пет пати седмично, што беше прекинато, а бизнис заедниците од Македонија и Грција минатата година бараа одново да се воведе лет.

498

Со летови два пати седмично, секој вторник и четврток, од први ноември Атина и Скопје авионски се поврзуваат, преку грчката „Aegean airlines“, јави дописничката на МИА од Атина, според потврдената информација од авио компанијата.

Распоредот на летови е од 1.11.2018 до 28.03.2019 бидејќи тоа е зимската програма на компанијата, а дополнително, ќе биде објавен и летниот распоред. На сајтот на „Aegean airlines“ веќе има можност за резервација на билети.

Според информациите на МИА од Атина, двете престолнини ќе ги поврзе авион на „Olympic air“, подружницата на „Aegean airlines“, а летовите ќе бидат со авион „Q400“ со капацитет од 78 патници.

Авионот, секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9.45 од Скопје по македонско време.

Во четврток, летот од грчката престолнина е во 18.40 часот, а од македонската во 19.25 часот.

Од Скопје до Атина и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути.

Во октомври минатата година, грчката авиокомпанија „Aegean airlines“ на прес конференција соопшти дека во 2018 ќе се воведен директен лет Скопје Атина, а македонската престолнина беше една од новите 11 дестинации.

Македонската и грчката престолнина повторно ќе се поврзат по повеќе од 10 години пауза.

Од 2003 година, неколку години постоеше директно авионско поврзување меѓу Скопје и Атина, со редовна линија, пет пати седмично, што беше прекинато, а бизнис заедниците од Македонија и Грција минатата година бараа одново да се воведе лет.

„Aegean airlines“ веќе лета речиси во сите главни градови во земјите од поранешна Југославија, но и во некои помали, но туристички дестинации.

Промената на името на скопскиот аеродром беше првиот и клучен чекор за да се отвори патот за воздушно поврзување на Скопје и Атина.

Во интервју за МИА, пред 2 месеци, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во чија надлежност беше повторното авио поврзување на Скопје и Атина, рече дека тоа многу брзо ќе биде реалност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...