Почна породувањето, Ким и Канје ќе станат родители по четврти пат ВИДЕО

Семејството Кардашијан-Вест наскоро би требало да стане побогато за уште еден мал член.

1066
ФОТО: Твитер / „Е! News“

Ким Кардашијан и Канје Вест секој момент би требало да станат родители по четврти пат, а четвртиот наследник ќе им го подари сурогат мајка.

Породувањето на сурогат мајката почнало и семејството Кардашијан-Вест наскоро би требало да стане побогато за уште еден мал член, открила водителката Елен Дџенерис на својот профил на Инстаграм, бидејќи објавила дел од емисијата во која гостувала Крис Џенер.

Елен ја изненадила Крис, така што ја довела нејзината ќерка Кортни и нејзините шест внуци, а потоа ѝ рекла дека наместо Кортни требало да гостува Ким, меѓутоа, убавите вести ја спречиле во тоа.

„Породувањето на сурогат мајката почнало“, ѝ рекла Кортни на мајка си Крис, а таа се запрашала зошто уште седат во студио и зошто не тргнале кон породилиштето.

ФОТО: Твитер / „Е! News“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...