Почна одбраната на Трамп пред Сенатот

Се очекува Трамп да биде ослободен во Сенатот, бидејќи за одлука за разрешување е потребно двотретинско мнозинство, а ниту еден републикански сенатор досега не поддржа таков чекор.

123
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Правниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја почна одбраната на судењето во процесот за отповикување на шефот на државата во Сенатот.

– Претседателот не направи апсолутно ништо лошо – рече адвокатот на Трамп, Пет Сиполони, на почетокот на изнесувањето аргументи на одбраната.

Адвокатите на Трамп во текот на три дена ќе се обидат да ги побијат тврдењата на демократите дека претседателот ја злоупотребил положбата и оти да биде разрешен поради тоа што вршел притисок врз Украина да почне истрага против поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, и воедно еден од кандидатите за претседател на демократите.

Трамп ги отфрли обвинувањата на демократите. Правниот тим на Трамп ќе има 24 часа, поделени на три дена, за да ги презентира своите аргументи.

Претставничкиот дом, кој мнозинство имаат демократите, минатиот месец го отповика Трамп под обвиненија дека ја злоупотребил својата позиција и го опструирал Конгресот.

Тоа го отвори патот за судење во Сенатот, каде републиканците имаат мнозинство, и кои ќе треба да одлучат дали Трамп треба да биде отповикан од функцијата. Ова е трето судење во процес на отповикување на претседател во американската историја.

Се очекува Трамп да биде ослободен во Сенатот, бидејќи за одлука за разрешување е потребно двотретинско мнозинство, а ниту еден републикански сенатор досега не поддржа таков чекор.

ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...