Почна кампањата, гласот на пензионерите прв на агендата на партиите

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека преку фондот на ПИОМ обезбедува и во иднина ќе обезедува редовна исплата, стабилен и континуиран раст на пензиите.

486

Пензиите се стабилни и продолжуваат да растат, просечната пензија во 2016 беше 13.754, а во 2018 година, 14.421 денар, одговори денеска Министерството за труд и социјална политика откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на прес-конференција обвини дека пензиите годинава нема да бидат усогласени со просечно исплатената плата.

– Оваа Влада со Закон дефинираше дека пензиите ќе се усогласуваат редовно и тоа два пати во годината. Исто така воведена е законска одредба за усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4отсто- велат од министерството.

Оттаму со став и дека со новата законска регулатива се стабилизира пензискиот систем, без притоа да се зголеми старонста граница за пензионирање и без замрзнување на пензиите.

– Главната цел на овие реформи е спречување на ширењето на дефицитот во фондот на ПИОМ и негово намалување – додаваат од МТСП.

Ѓорчев пак тврди дека со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување пензионерите ќе зема помала пензија отколку што ќе земеа со законско решение на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пензиите повеќе нема да растат како последица или како следствено на просечно исплатената плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Тоа сега се укинува и се анулира – рече Ѓорчев.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека преку фондот на ПИОМ обезбедува и во иднина ќе обезедува редовна исплата, стабилен и континуиран раст на пензиите.

– Доказ за тоа се статистичките параметри коишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари. – велат од министерството.

На изјавата на Ѓорчев реагираше и СДСМ од каде што тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ го укина законското усогласување на пензиите и дека сега глуми загриженост.

– Од самиот почеток на мандатот, Владата носи нови мерки и законски решенија што се во интерес на граѓаните. Пензионерите кои примаат помалку од 14.000 денари пензија добиваат бесплатно болничко лекување. Рударите се пензионираат само со работен стаж. Со усвоените законски измени, жените ќе одат во пензија со 35 а мажите со 40 години работен стаж, што беше долгогодишното барање на рударите кое ВМРО-ДПНЕ го игнорираше- велат од СДСМ.

Од партијата додаваат и дека со новата социјална реформа на Министерството за труд и социјална политика се воведува и социјална пензија, а право за нејзино стекнување добива секој над 65 години, кој нема друг извор на приход, има работен стаж, но нема право на пензија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...