Во Струмичко почна бербата на пиперката „ајварка“ од сортата „куртовска капија“. Откупната цена за прва класа е 18 денари за килограм.
Производителите велат дека секоја година оваa градинарска култура зрее порано бидејќи се сади во пластеници, а на отворена ја има се помалку.
– Иако календарски сезоната за подготвка на ајвар е идниот месец, сепак има интерес за црвената пиперка. Засега ја откупуваат производствените капацитети, но интерес има и од странство – велат проозводителите.
Додаваат дека откупната цена од 18 денари за прва класа им е неисплатлива, бидејќи производството во пластеници е поскапо од тоа на отворено.
Земјоделците сметаат дека за нив исплатлива цена е 20 денари за килограм за прва класа пиперка „ајварка“ и дека со трите денари субвенции за секој предаден килограм ќе бiдат задоволни од постигната цена.
Годинава производството на оваа сорта пиперка е намалено за 10 илјади тони во споредба со лани кога родот тежел скоро 60 илјади тони. И покрај тоа земјоделците уверуваат дека ќе нема проблеми со недостиг на пиперка за подготовка на ајвар.