Почна аплицирање за мерката годишен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик беше распишан на 2 април, а пријавувањето за оваа мерка заедно со комплетната потребна документација е до 31 мај 2018 година.

229

Работниците со ниски примања можат да аплицираат за мерката за користење на годишен одмор, во рамки на Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи во Република Македонија 2018 година, на Министерството за економија.

Јавниот повик беше распишан на 2 април, а пријавувањето за оваа мерка заедно со комплетната потребна документација е до 31 мај 2018 година, иако принципот на користење на средствата е „прв дојден прв услужен“, до искористување на вкупниот буџет од 30 милиони денари, со кои ќе бидат субвенционирани 2000 семејства.

Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои се вработени, а нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 22.000 денари. На работниците со ниски приходи-баратели кои навремено доставиле уредна и комплетна документација Министерството за економија ќе издава Потврда во вкупна вредност од 15.000 денари за да ја искористат во категоризираните угостителските објекти за сместување во Република Македонија кои се претходно пријавени во Министерството за економија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...